Испорака 1–2 работни дена низ цела Македонија
МК
Почетна ·

Купување и достава

Нарачувате без регистрација, плаќате при достава на курирот.
Како да нарачатеИзберете производ, додајте го во кошничка и внесете име, телефон, адреса и град. Потоа ве контактираме за да ја потврдиме нарачката. Ако ви е полесно, пишете ни на Viber или повикајте ни и ние ја внесуваме нарачката наместо вас.
ДоставаДоставата е во цела Македонија преку курирска служба, во рок од еден до два работни дена по потврдата. Трошокот за достава е прикажан во кошничката и се плаќа заедно со нарачката.
ПлаќањеПлаќате при достава, во готово на курирот. Не бараме претплата и не чуваме податоци за платежни картички. За правни лица со B2B акаунт плаќањето се договара при отворање на акаунтот.
Пред да ја отворите праткатаПроверете дали кутијата е неоштетена пред да потпишете прием. Ако има видлива штета од транспорт, пријавете ни истиот ден.