Испорака 1–2 работни дена низ цела Македонија
МК
Почетна ·

Политика за приватност

Кои лични податоци ги собираме, зошто, колку долго ги чуваме и кои се вашите права.
Кој ги обработува податоцитеКонтролор на податоците е правното лице што ја води продавницата, со податоците наведени во подножјето на секоја страница.
НарачкиЗа да ја испорачаме нарачката ги користиме името и презимето, телефонот, е-поштата, адресата, градот и коментарот што ќе ги внесете. Е-поштата ја користиме за потврдата и за линкот за статус на нарачката. Без овие податоци нарачката не може да се испорача.
Барања за B2B акаунтПодатоците за фирмата и за контакт лицето ги користиме за да одговориме на барањето и, по одобрување, за водење на акаунтот, нарачките и фактурите.
КолачињаНеопходните колачиња ги чуваат кошничката, најавата и вашиот избор за колачиња и не бараат согласност. Само ако изберете „Прифати ги сите“, поставуваме и идентификатори на Meta и испраќаме настани за посетите и нарачките до Meta (Facebook, Instagram), за мерење и за рекламите. Е-поштата и телефонот притоа заминуваат само шифрирани. Изборот може да го смените преку „Поставки за колачиња“ во подножјето.
Кој ги добива податоцитеКурирската служба ги добива податоците потребни за достава. Е-пораките се испраќаат преку давател на услуга за е-пошта. Серверите и резервните копии се кај давател на хостинг во Европската унија. Meta ги добива податоците опишани погоре само со ваша согласност. Податоците не ги продаваме.
Колку долго ги чувамеЛичните податоци од малопродажна нарачка ги чуваме 24 месеци од нарачката, заради рекламации и гаранција, а потоа ги бришеме. Ставките и износите на нарачката остануваат, без лични податоци.
Вашите праваМожете да побарате увид, исправка или бришење на вашите податоци и да се спротивставите на обработката. Пишете ни на е-поштата од подножјето. Податоците од нарачка што е сѐ уште на пат ги бришеме штом ќе заврши испораката. Имате право и на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци.